Владата ќе ја одржи редовната 52-ра седница

Фото: Влада на РСМ

Владата денеска ќе ја одржи редовната 52-ра седница, на која ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето во областа на трудот, на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

Владината прес-служба информира дека на денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за усвојување Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година и Акциски план за спроведување 2022-2023.

-Меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Информација за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), изготвена од Министерството за надворешни работи, соопшти прес-службата на Владата.

Седницата ќе почне во 12 часот, а за заклучоците и одлуките јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот