Вкусови што се памтат: Руска кујна – Црно кафе со вотка (РЕЦЕПТ)

Unsplash
Unsplash

Кога ќе се спомне руска кујна нешто што прво ви доаѓа на ум е руската салата која е особено популарна во овој период. Типично за руската кујна е што изобилува со богатство од рецепти чии главни состојки се риба, живина, печурки, шумски бобинки и мед во десертите.

Бидејќи пред на е уште една долга и зимурлива недела, а покрај тоа понеделничкото будењето е секогаш најтешко од сите овојпат се решивме да ви презентираме еден одличен рецепт како традиционалното црно кафе да го напарвите посилно од кога било.

Состојки:

– 150 милилитри црно кафе
– 20 милилитри вотка
– 20 милилитри Калуа
– 1 лажичка ликер од бадем
– 60 грама шлаг пена
– 2 лажички кафеав шеќер

Подготовка:

Во претходно свареното црно кафе кое ќе го послужите обојпат во подлабока шолја додадете ги вотката и Калуата и засладете по желба додека кафето е уште топло. Нанесете ја слаг пената одизгора и прелијте ја со ликерот од бадем. Се сервира додека е сеуште топло и е вистинско уживање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот