Вкусни и крцкави: Моцарела стапчиња

принтскирн

Состојки:
1/4 шолја брашно
1 шолја презли
2 јајца
1 лажица млеко
450 гр моцарела
1 шолја масло

Подготовка:
Изматете ги јајцата и млекото. Сирењето исечете го на ленти со дебелина околу 1,5 см, валкајте го секое стапче во брашно, потоа во јајце, па во презла.

Потоа уште еднаш секое стапче валкајте го во јајце, па во презла.

Замрзнете ги пред пржење.

Загрејте го маслото во тава и пржете ги стапчињата од секоја страна или додека не поцрвенат.

Тргнете ги од оган пред сирењето да почне да истекува.

Вадете ги на салфетка за да се исцеди вишокот масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот