Виткоф и Кушнер на трилатерална средба со Русија и Украина
Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе учествуваат во трилатералните разговори со Русија и Украина во Абу Даби, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Препорачано
Според неа, делегациите на САД, Украина и Русија „досега не беа во можност да седнат на преговарачка маса и да се движат кон мир“.
Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното можно“ кога станува збор за постигнување мир на Блискиот Исток и дека затоа се очекува нешто слично да се направи и во случајот со војната во Украина, пренесува Анадлоу.
Таа ги нарече трилатералните состаноци во јануари оваа година „историски“.
Во американската делегација на разговорите во јануари беа присутни пратениците Виткоф, Кушнер и Џош Груенбаум, како и секретарот за одбрана Ден Дрискол и генералот Алексус Гринкевич.
Украина ја претставуваа началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирило Буданов, советникот за национална безбедност Рустем Умеров и началникот на Генералштабот, генерал Андриј Хнатов, заедно со советниците Сергеј Кислица и Давид Аракхамија, објави Танјуг. Рускиот тим го предводеше шефот на руската воена разузнавачка служба, Игор Костјуков.


