Вистински културен спектакл низ Скопје – ТАМАРА ТОДЕВСКА блескаше во „Звуците на Чаршијата“ (ФОТО)

Фејсбук

Во Скопје веќе трет ден по ред се одржува манифестацијата „Звуците на Чаршијата“. Овој културен настан кој го бележи оваа година 13-тото издание, собра во едно место многу уметници не само од земјата, туку и пошироко.

Покрај Камениот Мост во Скопје, синоќа многубројни пејачи, меѓу кои и Тамара Тодевска приредија вистински спектакл.

Фејсбук

Тамара се појави со посебен моден стил како и секогаш. Концертот собра голем број млади луѓе во публика, а се пееше на разни јазици.

Фејсбук

Од сликите објавени на Фејсбук од страна на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу можеме да ја „уловиме” атмосферата од синоќешниот концерт.

“Скопје во фантастична атмосфера ги доживува емоциите кои ги пренесува културната манифестација “Звуците на Чаршијата“ 13 пат по ред! Вистински спектакл создадоа sвездите на нашата музичка естрада Дафина Зеќири, Ил Лимани, Луми Б, Тамара Тодевска и Ди-џеј Електрон. Звуците на Чаршијата се најдобриот промотор на вредностите кои ги поседуваме, но и на соживотот за здрава иднина на нашата земја. Токму заради ова причина, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорката на Културниот Информативен Центар г-ѓа Сермине Пурини и многу спонзори се погриживме на нашите плоштади, звуците на музиката и ремек делата на нашата култура да ја оживеат нашата душа и да не соединат околу убавото“, напишал Ганиу на официјалниот профил на Општина Чаир на Фејсбук.

Фејсбук
Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот