Вирален хит на социјалните мрежи: Колку бои гледате на оваа слика?

twitter
принтскрин

Оптичка илузија предизвика дебата на социјалните мрежи. Луѓето не можат да се согласат колку нијанси на виолетова боја гледаат на фотографијата.

Илузијата стана вистински хит на социјалните мрежи откако еден корисник на „Твитер“ ја објави и ги праша луѓето колку бои гледаат.

Илјадници луѓе коментираат и ја споделуваат сликата, а одговорите варираат од 3 или 4 до 21.

Колку бои гледате? Јас гледам три“, напиша корисникот на својот твитер-профил покрај илузијата.

Бројот на нијанси што се видливи всушност се заснова на илузијата „Mach Bands“. Имено, на местата на премин од една во друга боја, нагласениот контраст може да го измами мозокот.

Но, тоа зависи и од други фактори, како што е прекршувањето на светлината на екранот на уредот што го користите.

Бројот на бои што ги гледате зависи најмногу од екранот на уредот од кој ја гледате сликата, без разлика дали станува збор за паметен телефон, лаптоп или десктоп компјутер“, објасни еден корисник на „Твитер“.

Колку бои гледате вие?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот