Виландер: Новак сега има нова опсесија, не му е важно дали е прв или седми тенисер на светот

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарниот шведски тенисер Матс Виландер смета дека  на Новак Ѓоковиќ не му е важен пласманот на АТП ранг-листата туку гренд слем титулите и победите на Вимблдон.

Ѓоковиќ во неделата ја освои седмата титула на Вимблдон, откако во финалето го совлада Ник Кирјос со 4:6, 6:3, 6:4, 7:6. Србинот со триумфот во неделата исто така стигна до 21. гренд слем титула.

Но, и покрај триумфот на Вимблдон, Ѓоковиќ падна на седмото место на АТП ранг-листата. АТП одлучи да не го бодува Вимблдон, бидејќи организаторите им забранија учество на руските и белоруските тенисери поради војната во Украина.

– За Ѓоковиќ мислам дека не прави разлика дали е прв или седми тенисер во светот. На него му се важни титулите на Вимблдон и гренд слем трофеите. И да биде најдобар во историјата – изјави Виландер.

Седма титула за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот