Виландер: Не го споредувајте Алкараз со Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Шпанскиот тенисер и прв на АТП листата, Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Матс Виландер изјави дека најдобриот играч на светот, Карлос Алкараз, не треба да се споредува со Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Шпанскиот тенисер Алкараз ја заврши сезоната на врвот на АТП-листата иако не настапи на завршниот Мастерс во Торино, Италија.

– Карлос можеби нема да биде запаметен како најдобар до сега, но сигурно ќе биде забавно да го гледате како игра на највисоко ниво и да уживате. Тој е најинспирираниот играч во моментов поради начинот на кој игра оваа година. Не го споредувајте Алкараз со Ѓоковиќ, Надал и Федерер, начинот на кој дојде до тронот до сега не е виден – рече Виландер.

Шведската тениска легенда повтори дека младиот шпански тенисер имаше неверојатна сезона.

– На Алкараз ќе му биде многу тешко да ги анализира своите настапи во текот на 2022 година, но тренерот Хуан Карлос Фереро ќе му помогне во тоа. Алкараз ќе помине низ период на навикнување на улогата на најдобар тенисер во светот. Мислам дека сè уште не е свесен за неговите достигнувања. Имаше неверојатна сезона, но мора да биде внимателен, бидејќи има закани по неговиот трон. Тука фаворити се Ѓоковиќ, Холгер Руне и Данил Медведев – вели Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот