Вил Смит со потресна изјава: Татко ми ми беше најголем извор на омраза и љубов – сакав да го убијам оти ја малтретираше мајка ми!

Вил Смит

Пишувавме за Вил Смит и неговата желба да се врати во форма, сите посети на фитнес-салата и идејата да биде „фит“. Но, не е само тоа. Со документарецот кој го сними „Best Shape of My Life“, тој откри и многу деликатни приказни од својот живот.

Смит го почнал овој проект со идејата да ги документира сите аспекти од слабеењето, напорот, врската со себе и семејството и како што тој вели „длабоко патување“ и преиспитување на мислите и чувствата.

Во својата исповед, открива дека често размислувал за тоа да го убие својот татко.
Како што открива и самиот, додека растел, татко му воопшто не бил пример за љубов и пожртвуваност – напротив, тој ги малтретирал него и неговата мајка и Вил Смит растел во дисфункционална средина од која често сакал да избега.

„Татко ми беше насилник, но исто така доаѓаше на секоја моја претстава, натпревар, приредба. Беше алкохоличар, кој на секоја моја премиера беше трезен. Кога имав девет години, видов како тој ја удри мајка ми со тупаница во глава, толку силно што таа се струполи. Плукаше крв. Тој момент во таа соба, веројатно најмногу од сите други моменти – ме дефинираше како личност. Тогаш се заколнав дека ќе ја одмаздам мајка ми. И децении подоцна, дојде моментот кога сакав да го направам тоа“, напишал Вил Смит во својот документарец.

Во годините кои следеле, таткото на Вил Смит боледувал од рак, бил исклучително слаб и морал да се движи со помош на количка.

„Една ноќ, додека внимателно го туркав во количката од спалната соба до купатило, се разбуди омразата, темнината во мене. Застанав на врвот на скалите. Лесно можев да го турнам и уште полесно да се извлечам. Децениската болка и гнев избувнаа, но потоа се повлекоа. Продолжив да го туркам до бањата“, напишал тој и го шокираше светот.

На шега вели дека никој немало да му поверува ако се јавел на полицијата и изјавил „Го убив татко ми“.

Смит претходно искрено зборувал и за своето ментално здравје и признал дека сакал да си го одземе животот, но не открил во кој период се случило тоа.

„Фала богу што нам ни се суди по нашите постапки, а не по нашите внатрешни испади предизвикани од трауми“ – додаде тој.

Во епизодата за Денот на татковците во 2020, Вил зборуваше за својот татко кој почина во 2016.

„Го сакав, но постоеја огромни, критични недостатоци во родителството на мојот татко кој сакав да ги исправам. Постојат толку добри особини кој тој ми ги всади, и се дел од мене, но како и секое добро и зло во едно, не можам да заборавам дека ја тепаше мајка ми“

ВИДЕО | Вил Смит се обидува да се врати во форма по карантините: Се обидувам да се сетам како се користеше теретана

ФОТО: Вил Смит вели дека е во најлошата форма во својот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот