ВИДЕО | Вил Смит се обидува да се врати во форма по карантините: Се обидувам да се сетам како се користеше теретана

Instagram
фото: инстаграм - принтскрин

Актерот Вил Смит прави сè за да се врати во форма по повеќе од една година исполнета со седење дома поради карантините. Неговиот проблем? Не може да се сети како се користат справите во теретана.

Актерот Вил Смит на својот инстаграм-профил веќе некое време споделува уребесни видеа, правејќи шоу од својот обид да се посвети на физичкиот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

„Се обидувам да се сетам како се користеше теретана по карантините“, напиша актерот во описот на новото видео што го сподели, шегувајќи се дека „ја злоупотребува опремата за фитнес“.

Ѕвездата од „Аладин“ стана вирален на социјалните мрежи во мај откако сподели фотографија велејќи дека е „во најлошата форма во животот“ и дека е решен да даде приоритет на неговата кондиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Ова е телото што ми служеше низ цела пандемија и безброј денови ме носеше до оставата“, неодамна напиша тој под своја фотографија на која позираше полугол. „Го сакам ова тело, но сакам да се чувствувам подобро“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Се чини дека 52-годишниот Смит се обидува да го врати извајаното тело на филмски акционен херој. А тоа секако го прави со огромна доза на комичност, во негов стил.

Ми се воспалија мускули за кои не ни знаев дека постојат“, напиша тој во натписот на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот