Вил Смит од шега го снимал прегледот! Докторите му откриле опасна работа во стомакот! (ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Вил Смит од шега го снимал прегледот! Докторите му откриле опасна работа во стомакот! (ВИДЕО)

- Докторот пронајде полип, го отстрани и го испрати на анализа. Се докажало дека е преканцероген полип, а во 95% од таквите случаеви се добива рак – соопштила докторката.

Докторката на Вил Смит (51) го натерала славниот актер да направи колоноскопија, а тој ја послушал, но како што кажал од шега.

Колку не го сфатил сериозно тоа, докажува тоа што одлучил да го снима својот преглед и кажал дека со својот гол задник ќе успее да достигне до 50 милиони следбеници на Инстаграм.

Меѓутоа, ништо не завршило како што тој мислел, бидејќи докторката за време на прегледот му пронашла полип на дебелото црево.

Фото: Инстаграм

– Докторот пронајде полип, го отстрани и го испрати на анализа. Се докажало дека е преканцероген полип, а во 95% од таквите случаеви се добива рак – соопштила докторката.

– Ти благодарам што ме натера да го направам ова. Мислев ако го снимам ова, дека ќе биде се забавно, но не можев да замислам дека ќе ми најдат преканцероген полип. Ти благодарам и ти благодарам што си прифатила пред целиот свер да зборуваш и да го споделиш ова со мене. Луѓето треба да водат сметка и да живеат што е можно подолго – изјавил Смит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close