Градски парк/Фото: Слободен печат

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА | Викендов времето ќе биде постабилно, сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот