Викендов по осми пат прскање против комарци на територија на Скопје

Profimedia
Фото: Profimedia

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

– Прскањето против комарци ќе се реализира на 13.08.2022 година (сабота) и на 14.08.2022 година (недела), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – стои во соопштението на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот