Викендов несовесни граѓани повторно палеле контејнери, надлежните апелираат за одговорно однесување

Фото: ЈП Комунална хигиена

Во текот на 2021 година, од страна на непознати сторители, биле опожарени вкупно 32 садови наменети за одлагање комунален отпад, од коишто 13 контејнери со зафатнина од 3,2м3, 17 контејнери со зафатнина од 1,1м3  и два сада наменети за примарна селекција на отпадот.

Уништувањето на садовите за отпад од страна на несовесни граѓани имало и викендов и покрај бројните апели од страна на надлежните за чување на контењерите, се со цел да се избегне потребата од континуирана набавка на садови за отпад кои би биле наменети за исти локации.

Имено, како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“ во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери биле со зафатнина од 3,2 м3 и сите после палењето се целосно уништени и неупотребливи.

Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП „Комунална хигиена“ во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови. Апелираме да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа – велат од ова јавно претпријатие.

Меѓудругото од ЈП „Комунална хигиена“ објаснуваат и дека,  сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и како што велат оттаму, се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Инаку, колку за потсетување, во текот на 2021 година, од страна на непознати сторители, биле опожарени вкупно 32 садови наменети за одлагање комунален отпад, од коишто 13 контејнери со зафатнина од 3,2м317 контејнери со зафатнина од 1,1м3  и два сада наменети за примарна селекција на отпадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот