Викенд на мртовци на гробиштата во Волос: Ја погребале бабата што им ја дале од мртовечницата во болницата, грешката е откриена ден потоа

Погреб. / Фото: EPA-EFE/Gustavo Amador

Неверојатен инцидент се случил во саботата во грчкиот град Волос при што семејство направило погреб на старица за која дури другиот ден се утврдило дека не е нивната баба туку сосема друга жена.

Имено, во саботата погребот се одржал црквата Агиос Георгиос Јолкос во присуство на роднини и пријатели. Во еден момент, за време на погребот, внуката на починатата забележала дека покојната во ковчегот не личи на нејзината баба и пријавила кај нејзините роднини. Тие, од своја страна, ја уверувале дека греши велејќи и дека кога некој ќе умре, неговиот личен опис се менува. Потоа следувал погребот на гробиштата „Кукос“ во Волос, без никаков друг приговор.

Во недела наутро, пак, кога работниците од погребалната служба отишле да ја земат 97-годишна старица од мртовечницата на болницата во Волос за да ја погребаат, телото не успеале да го најдат и покрај тоа што ги проверувале ливчињата оставени на починатите и ја откриле ја грешката што е направена.

Како што е утврдено, телото на жената која во саботата е „погребана“, се уште било на своето место во ладилникот во мртовечницата.

Во информацијата по полициската истрага се наведува дека во мртовечницата на болницата „Ахилопулеј“ вработен ја сменил положбата на починатите во разладните комори, без да ја ажурира книгата и без да стави ознака на еден труп.

Останале шокирани роднините на двете семејства откако и семејството на 82-годишнита жена откриле дека таа е веќе закопна од другото семејство.

Според информациите, во тек се разговори меѓу двете погребални служби и двете семејства за да не се ексхумира 82-годишната, туку нејзините роднини да отидат на нејзиниот гроб и да направат само молитва во нејзин спомен и да го сменат надгробниот натпис, додека вториот погреб ќе се одржи денес, понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот