ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јанкулоски: Настојуваме да ги привлечеме студентите затоа што ветеринарната професија е значајна за земја како Македонија

Проф. Деан Јанкулоски декан на Факултетот за ветеринарна медицина / Слободен печат - Драган Митрески

Факт е дека бројот на студенти е намален. Трендот и кај другите факултети е веројатно сличен. Тоа што настојуваме како факултет да ги привлечеме студентите затоа што ветеринарната професија е доста значајна за држави како Македонија, бидејќи нашата држава е ориентирана кон земјоделството и е најдобро поднебје за одгледување на храна од животинска и растителна основа. Факултетот воведува измени на наставни планови и програми за да постојано биде во линија со насоката на којашто се движи ветеринарната струка во светот. На факултетот во курикуломот има 12 семестри. Почнувајќи од септември 2023 година одлучивме последната година, односно шестата година, двата последни семестри ќе бидат целосно посветени на практична настава, рече професорот Деан Јанкулоски декан на Факултетот за ветеринарна медицина во интервју на Слободен печат во соработка со Градска.мк.

Тој додаде дека бројот на студентите на факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кога започнал со студиите на факултетот во 1992 година имало над 100 студенти, додека во последните години има околу 20-25 студенти.

-Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, чија примарната дејност му е вршење на образовна дејност има и голем број на акредитирани лаборатории коишто се бават со различни видови на тестирања меѓу кои се и безбедноста и квалитетот на храната. Во врска со безбедноста на храната, имаме околу 250 акредитирани методи, што е доказ дека начините на коишто го вршиме тестирањето се релевантни и валидни. Имаме и голем број на опрема којашто е ставена во функција на вршење на овие типови на анализи, оспособен кадар кој е спремен во секој момент да одговориме на сите барања почнувајќи од министерствата и државните агенции надлежни во областа безбедност и квалитет на храната. Меѓутоа, секој поединец којшто сака да изврши тестирање на квалитетот на храната којашто сите ние како потрошувачи ја конзумираме“, рече професорот Јанкулоски.

Тој додаде дека во овој момент актуелни се микробиолошките опасности коишто произлегуваат од труењата со храната.

-Труењата со храна настануваат како резултат на претходна контаминација на храната, на местото на потеклото на преработката. Меѓутоа и кај нас како ја чуваме храната дома, како е термички обработувана, и потоа како ја складираме понатаму. Има и други ризици кои можат да предизвикаат несакани последици кај луѓето, а тоа се различни видови на остатоци во храната, како резултат на користење на некои заштитни средства и лекови при производството на храна од растително и животинско потекло. Потоа тие остатоци или метаболити можат да се најдат во синџирот на храна и после да предизвикаат последици“, потенцираше Јанкулоски.

Тој ја спомена и контаминацијата на животната средина како резултат на индустриската активност којашто ја има, тоа се остатоци од тешки метали и нивни соединенија коишто можат да се најдат во храната и да предизвикаат штетни последици по здравјето на конзументите и затоа стануваат се поактуелни алергиите или нетолерантности на храна како што е глутен или лактоза или присуство на различни видови на алергени коишто можат да бидат присутни во храната, меѓутоа не се декларирани и можат повторно да предизвикаат последици по здравјето на потрошувачите.

-Ние како потрошувачи навистина сме загрижени за тоа што го конзумираме и како институциите реагираат околу заштита на нашето здравје.Што се однесува до влечугите и змиите, кај нас некој настан ако се случи треба време да се екипира некоја активност за да може да се понуди некаква опција на граѓаните. Во овој момент таква активност факултетот нема. Ова е нешто коешто е навистина нови и треба и за нас треба време за да видиме како можеме да одговориме на ова прашање. Во однос на комарците, и до сега постоеле истражувања и проекти неколку години наназад и во моментот за нивната улога како вектори за пренесување на заразни болести. Тоа го работиме како активност. Во секој случај нашата активност се сведува на испитување на тие заловени инсекти и истражувања дали го пренесуваат некако причинителот на заразна болест“, додаде Јанкулоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот