ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Галабов: Создадовме списание каде што младите луѓе пишуваат за млади луѓе

Горан Галабов-Волонтерски центар Скопје/Фото Слободен печат

Волонтерски центар Скопје е креиран во 2006 година како идеја на група пријатели за да им отворат можности на младите луѓе од Македонија. Изминативе години, повеќе од 9.000 луѓе поминале низ ВЦС преку различни проекти и програми за размена и создале доживотни пријателства. Формиран е пред 18 години од секогашниот директор Никола Станковски. После една година волонтирање на ЕВС-проект во Литванија, тогаш 19-годишниот Никола Станкоски се вратил во Македонија со идеја да се овозможат локални и интернационални искуства, живеејќи според принципот: „Учење преку пракса“. Така е формирана невладина организација за млади или со полно име: Здружение за волонтеризам Волонтерски центар Скопје.

Горан Галабов Координатор на ESC & VET за „Слободен печат“ вели дека нивната организација постои веќе осумнаесет години.

– Идејата потекнува од нашиот директор Никола Станкоски. Тоа беа постконфликтните години во Македонија и оттогаш потекнува идејата да се создаде списание каде што младите луѓе ќе пишуваат за млади луѓе. Покрај овие активности што ги извршуваат волонтерите, ние работиме на нивните социјални вештини, работиме со странски волонтери, тука ги хостираме-вели Галабов.

Нивниот проект е списание „Voices“ кое е комплетно продукт на волонтери.

-Нашите волонтери ги совладуваат тајните на креативно пишување, на текстови, на новинарство, меѓутоа, исто така работат на неговиот дизајн. Списанието е, значи, од самиот почеток како проект на Волонтерски центар Скопје. Списанието оди еднаш месечно на онлајн платформа, а секои три месеци печатиме по еден број-вели Галабов.

Нивниот тим се состои од 6 луѓе, директор, проект менаџер, оперативен менаџер и уредник на списанието, координатор на проект и двајца волонтери од Полска како координатор на социјални медиуми и програмски координатор.

Се започнало во 2006 година кога првиот „Воисес“ бил испечатен. Она што започнало како едноставна соработка со средното училиште „Д-р Панче Караѓозов“ е сега целосна причина за волонтерите да дојдат во Македонија за да ги зајакнат своите капацитети и да научат нови вештини.

Волонтерски центар Скопје ги охрабрува младите да бидат активни во денешното општество преку новинарство и дизајнирање со тоа што им се дава платформа да се изразат себеси. Тие имаат пишувачи и преведувачи од секаде кои придонесуваат во магазинот. Целта на ВЦС е како организација да овозможат неформални едукативни можности за младите луѓе во различни полиња, локално и интернационално.

-Младите луѓе во Македонија се на приоритетната листа – сакаме тие да напредуваат, да излезат од апатијата која ја чувствуваат, да одат во странство, да го зајакнат чувството на припадност, да се вратат и да почнат да ги менуваат работите околу нив-велат во Волонтерски центар Скопје.

До сега повеќе од 180 млади волонтери од Европа и активисти поминале низ нивната организација преку најразличните програми на Европската Комисија. Волонтерите одлучиле да дојдат во Македонија за да си ги зајакнат капацитетите, вештините и знаењето, но исто така, и да помогнат при градење на посилно и поздраво општество преку волонтирање и рушење на стереотипи и предрасуди.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот