ВИДЕО | Змии отровници низ дворови во светиниколски и велешки села

Змии отровници во дворови по светиниколски и велешки села/Фото: Слободен печат

Отровни змии поскоци се појавија деновиве во Велес и Свети Николе. Змиите ги има по нивите, оранжериите, но и по дворовите посебно по селата кои се во близина на шуми. Во нашата редакција пристигнаа неколку видеа кои потврдуваат дека змиите ги има насекаде.

„Слободен печат“ изминатата недела пишуваше дека змии има во центарот на Скопје, но и дека во велешко се појавиле змии кои се со специфична црна боја неприродна за влекачите кои живеат за нашите подрачја.

 

Поскокот е најотровната змија во Европа. Отровот може да биде прилично токсичен. Има протеолитични и невротоксични делови и содржи хемотоксини што ја засируваат крвта, со исти последици и сила како отровот на ѕвечарките. Други својства се противзасирувачки ефект, хемоконцентрација и крварење. Каснувањето предизвикува болка, отекување и промена на бојата, кои можат да се јават веднаш. Може да се јават вртоглавица и отрпнатост.

Луѓето, глувците и птиците веднаш реагираат на каснувањето, додека пак гуштерите се помалку засегнати, а водоземците дури можат и да преживеат. Европските змии како планинскиот смок и барските змии може да се имуни.

Отровот на поскокот се користи за добивање на противотров од каснувања на други европски змии и за оваа намена постојат посебни одгледувалишта.

Оваа змија достигнува вкупна должина од најмногу 95 см, иако повообичаено е околу 85 см. Женките се малку поголеми од мажјаците. Единките што живеат во северните краишта се забележително поголеми од оние во јужните Главата е прекриена со мали неправилни лушпи со мазна или само малку засртена површина, со исклучок на пар големи надочни лушпи што го го надминуваат задниот раб на окото. Јасна особеност на поскокот е рокчето (острица) на муцката, веднаш над клунената лушпа. Шарите се разликуваат кај половите. Мажјаците имаат неправилни темнокафеави, темносиви или црни белези. Од зад окото до задниот дел на вилицата се протега широка црна пруга. Женките имаат слични шари, но помалку впечатливи.

Двата пола имаат кривулеста шара на грбот која јасно се распознава од посветлата заднина и често е прекршена. Самиот стомак може да биде сивкав, жолтокафеав или розеникав со мноштво црни точки. Понекогаш е црн или синосив со бели дамки и бел пораб. Делот под вилицата е посветол од стомакот. Долната страна на врвот на опашката може да е жолта, портокалова, портокаловоцрвена, црвена или зелена. Младите имаат исти шари како возрасните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот