ВИДЕО: Запленети 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари

Фото: МИА

Полициски и царински службеници запленија 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари, за кои не била платена акциза во износ од 250.000 денари, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР – Скопје и Царинската управа, по претходно добиени оперативни сознанија за нелегална продажба на режан тутун и производи од тутун, односно избегнување на плаќање на акциза, денеска спроведоа координирана контрола во Тетовско. Притоа, од А.С., на возраст од 43 години од селото Горно Палчиште, општина Боговиње, запленија 120 килограми режан тутун и 19.000 парчиња цигари, за кои не била платена акциза во износ од 250.000 денари“, се појаснува во соопштението на МВР.

Одземената акцизна стока била предадена на Царинската управа во Скопје за натамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот