ВИДЕО | Загинаа двајца падобранци за време на воена вежба

Двајца падобранци загинаа денеска при слетување со падобран
Двајца падобранци загинаа денеска при слетување со падобран/ Фото: Твитер

Двајца падобранци загинаа денеска при слетување со падобран, за време на вежба во Белорусија, пишува ТАСС.

Од Министерството за одбрана во Русија, велат дека овој инцидент се случил поради силен ветер.

„Поради ненадејниот силен налет на ветерот, се приближија двајца падобранци, војници под договор, кои се висококвалификувани инструктори за падобранство. Заштитата на двајцата падобранци откажа“, изјавил за новинарите претставник на одделот, пренесува ТАСС.

Тие биле хоспитализирани, но подоцна подлегнале на здобиените повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот