ВИДЕО: „Волчицата“ е главна во Рим, Лацио дефинитивно без ЛШ

epa09203238 Roma players (C) celebrate after winning the Italian Serie A soccer match between AS Roma and SS Lazio at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 15 May 2021. EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Во римското дерби на стадионот „Олимпико“ екипата на Рома славаше со конечен резултат 2:0 против Лацио во претпоследното коло на Серија А.

Така, „волчицата“ дојде на чекор од пласман во Конференциската лига, додека „небесно-сините“ со овој пораз и дефинитивно остануваат без можноста да играат следната сезона во Лигата на шампионите.

Стрелци на головите за домаќините беа Мхитарјан во 42 и Педро во 78 минута од средбата.

На табелата Лацио е на шестата позиција со 67 бодови, додека на седмата е Рома со 61.

За два дена играчите на Симоне Инзаги имаат нов меч дома против Торино, додека составот на Пауло Фонсека игра на гости кај Специја на 23 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот