ВИДЕО: Водечкиот Арсенал повторно на „плус осум“ од Манчестер сити во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

После високиот триумф на Манчестер сити во дербито против Ливерпул, и составот на Арсенал исто така беше убедлив откако на домашен терен со 4:1 го совлада Лидс во 29 коло од Премиер лигата.

После првото полувреме на стадионот „Емирати“ во Лондон водеше Арсенал со погодокот на Жезус од пенал во 35 минута. Потоа, во 47 минута Вајт ја зголеми позитивата, а за 3:0 се погрижи Жезус со својот втор гол на мечот.

Лидс успеа да намали во 76 минута преку Кристенсен, а конечниот епилог го постави Џака во 84 минута по асистенцијата на Одегард.

Во останатите мечеви: Бурнмаут – Фулам 2:1, Брајтон – Брентфорд 3:3, Кристал палас – Лестер 2:1, Нотингем – Вулверхемптон 1:1.

Играчите на Микел Артета повторно се на „плус осум“ бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити кој има еден натпревар помалку. Лидс и натаму игра доста променливо во борбата за опстанок, моментно е на 16 позиција со 26 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот