ВИДЕО: Ливерпул само го налути Манчестер сити, „граѓаните“ не се откажуваат од титулата

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Во рамките од 29 коло во Премиер лигата во дербито составот на Манчестер сити убедливо со 4:1 го совлада Ливерпул.

После првото полувреме на стадионот „Етихад“ во Манчестер имаше по еден гол на двете страни.

„Црвените“ стекнаа водство во 17 минута преку Салах, а за „граѓаните“ израмни Алварез во 27 минута.

На стартот од вториот дел Де Брујне се погрижи за прва позитива на Сити, во 53 минута веќе беше 3:1 по погодокот на Гундоган, а конечниот епилог го постави Грилиш (74`).

На табелата води Арсенал со 69 бодови, пет повеќе од Манчестер сити, а Ливерпул после деветтиот пораз, втор по ред, се наоѓа на шестата позиција со 42 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот