ВИДЕО | Во снимка од песна на „Магазин“, Даниела и Хана во бизарен кадар: Смеј се, Данијела, Грашо еден ден ќе биде мој!

Данијела Мартиновиќ/Хана Хуљиќ/Инстаграм
Данијела Мартиновиќ/Хана Хуљиќ/Инстаграм

Љубовниот триаголник меѓу Даниела Мартиновиќ, Петар Грашо и Хана Хуљиќ не престанува да ја интригира јавноста, а сега еден видео спот од 1993та година, фрли ново светло на нивната љубовна приказна.

Веста околу врската на Петар Грашо со 14 години помладата Хана ја изненади јавноста, особено затоа што беше доста брзо по раскинот по 24 годишната врска со Даниела Мартиновиќ.

Многумина ја најдоа поврзаноста помеѓу нив тројца на најбизарен начин. Имено, Петар и Даниела ја знаат Хана од малечка. Во 1993 година, кога Даниела беше главен вокал во групата „Магазин“, сними песна во чие видео се наоѓа и тогаш тригодишната ќерка на Тончи, Хана. Во видеото на крај, Даниела влегува во собата и ја зема Хана за рака, а толкувањата за видеото се навистина бизарни.

Да бидат нештата пооткачени, луѓето под видеото коментираат како сето ова е неверојатна коинциденција, или нешто што можеби било очекувано.

„ И ете по 27 години, Хана му го „украде“ Грашо. Дојде време и малечката да проба од љубовта“

„Тригодишната Хана: Само смеј се Даниела, кога ќе пораснам, Грашо ќе биде мој!“

„Девојки, ако се сомневате во некоја ваша сосетка дека може да ви го земе дечкото, прво погледнете во градинка, тие деца растат брзо, а ние старееме“

„Љубовта може сѐ’’.

Колку за потсетување – Петар Грашо и Хана Хулиќ се во врска од неодамна, а парот го чека своето прво заедничко дете. Петар Грашо не сака многу да ја коментира својата врска во медиумите, и како што самиот изјави во една прилика, важно му е да го чува својот приватен живот на сигурно и да не им дава причина плус на кулоарите да зборуваат премногу.

Сепак, ова видео е навистина интересно за разгледување, 27 години подоцна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот