ВИДЕО | Вистински хорор: Жена слушала необични звуци, докторите ѝ извадиле пајак од увото

Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Една 64-годишна жена од Тајван доживеала вистински хорор. Таа четири дена слушала необични звуци во левото уво, вклучувајќи тропкање и шушкање. Звуците кои непрекинато ги слушала влијаеле да има проблеми со спиењето, пишува „Еуроњус“.

Жената по четири дена завршила на специјалист за уво, нос и грло, каде во нејзиниот лев ушен канал бил пронајден мал пајак заедно со неговиот егзоскелет.

Докторите успешно ги отстраниле пајакот и егзоскелетот со вшмукувачка цевка која била ставена во отоскоп, медицински уред кој се користи за гледање во ушите.

„Таа не чувствуваше болка бидејќи пајакот беше многу мал. Беше околу 2 до 3 милиметри“, рече д-р Тенгчин Ванг.

Докторите во својот извештај во „Њу Ингланд џрнал оф медисин“ („New England Journal of Medicine“) објаснија дека за поголемите инсекти, прво се препорачува употреба на алкохол или локален анестетик за да се убие инсектот со цел да се спречи да се движи наоколу и да го оштети увото, освен ако тапанчето не е веќе пробиено.

Д-р Тенгчин Ванг, доктор од општинската болница Таинан, вели дека е вообичаено да се најдат инсекти внатре во увото, бидејќи се работи за тропски регион.

„Во некои случаи, инсектот може да го оштети тапанчето и да предизвика перфорација на тапанчето и може да се појават некои компликации. Но, во овој случај, инсектот беше многу мал, така што не го оштети тапанчето кај мојот пациент“, рече тој.

Инаку, често има анегдотски извештаи во кои се пишува за мравки и лебарки кои докторите ги наоѓаат во ушните канали на луѓето.

Тие препорачуваат луѓето да не се обидуваат да ги отстранат инсектите од увото со прсти или со памук. Можете да истурат алкохол или масло во увото ако нема дупка во тапанчето за да исплива инсектот.

Сепак, докторите велат дека, доколку чувствувате како да има туѓ предмет или инсект во вашето уво, најдобро е да побарате стручна помош. Ако се обидете сами да го извадите, може да предизвикате многу поголема штета.

Во продолжение може да го погледнете видеото од медицинскиот зафат:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот