ВИДЕО: Успешно деби на Ивановиќ, Недовиќ е херојот на Црвена звезда против Лион-Вилербан

Душко Недовиќ постигна клучни поени за триумф на Црвена звезда во Евролигата/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Лион-Вилербан на домашен терен со резултат 71:67 во натпреварот од осмото коло во Евролигата.

Тоа е втора победа за белградските „црвен-бели“ во елитното европско клупско натпреварување, а прва откако на клупата е новиот тренер Душко Ивановиќ.

За српскиот клуб Црногорецот Н. Ивановиќ постигна 16 поени, а кај Французите Американецот Лајти го имаше истиот учинок.

Се одигра уште еден меч, Анадолу Ефес како доќин со 96:86 ја совлада екипата на Барселона.

На табелата Барселона е на четвртото место (5-3), потоа Анадолу Ефес е на 14 позиција (3-5), Лион-Вилербан на 15 место (3-5), додека Црвена звезда на последното 18 место (2-6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот