ВИДЕО: Трагедија во Кашмир, најмалку 12 верници загинаа во стампедо

Во стампедо во Индија загинаа најмалку 12 верници/Фото: Скриншот/YouTube

Најмалку 12 верници загинаа, а 14 се повредени денеска во стампедо во хиндуистички храм во Кашмир, соопшти полицијата.

– Дванаесет верници загинаа, а 14 се повредени во стампедо денеска во раните утрински часови во храмот Мата Ваишно Деви. Сите повредени се хоспитализирани, се наведува во соопштението на полицијата.

Трагичниот инцидент се случил кога огромен број верници, кои пристигнале да го одбележат почетокот на Новата година, влегле во храмот, а по расправија дошло до туркање, а потоа и стампедо, потврдија официјални претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот