ВИДЕО | Страшни сцени од Газа: Додека Палестинците го напуштаат појасот, мртви тела по улиците, луѓе осакатени без раце и нозе

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки на кои се гледа како Палестинците додека бегаат од северниот дел на Појасот Газа, како што објави медиумот Times of Gaza напоредно се случува израелски прогом врз овие луѓе.

Се гледа како луѓе застрелани, без раце и нозе, но и мртви тела лежат по улиците, додека група граѓани се упатуваат кон северниот дел на појасот Газа.

Една ранета жена пак како што пишува над една видео објава беше принудена да ја напушти болницата и да побегне во јужниот дел на Појасот Газа поради агресија врз северниот дел од Појасот.

Инаку Европската комисија соопшти дека денеска и утре ќе се реализираат два од вкупно шест дополнителни летови со хуманитарна помош наменети за жителите на Газа.

„До крајот на неделата со авиони од италијанскиот град Бриндизи ќе бидат испратени 55 тони помош. Следната недела од Букурешт ќе бидат реализирани три лета, а Романија ќе обезбеди шатори. До крајот на месецот авион со помош на ОН ќе полета од белгискиот град Остенде“, се додава во соопштението.

Преку воздушниот мост отворен меѓу ЕУ и Египет, изминатите недели беа реализирани 14 летови и испратена е итна помош од 550 тони.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен прецизира дека се планира помошта да се испраќа и по морски пат. „ЕУ отсекогаш била најголемиот донатор за Палестинците“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека ЕУ четирикратно ја зголемила помошта за Газа оваа година на повеќе од 100 милиони евра и дека им дава поддршка на најранливите Палестинци веќе 23 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот