ВИДЕО | Стојаноски: Сегашното мнозинство не е функционално, ВМРО – ДПМНЕ ќе состави влада која ќе ја извади земјава од кризата

Три дена после оној циркуз со мнозинството, кога фанфареа по медиумите дека имаат стабилно мнозинство, стигна понуда од Заев за Влада за национален спас и тука се наметнува прашањето ако по 4 години премиер ја донел земјата до стадиум да има национална влада за спас, тогаш може да видиме и направиме ретроспектива на неговото владеење – став на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, преговори со мафија нема, ќе ги поразиме на избори и ќе составиме влада која ќе ја извади оваа држава од кризата која се наоѓа, изјави во Утрински брифинг Бојан Стојаноски, пратeник од ВМРО – ДПМНЕ.

Заев сакаше да го дисциплинира мнозинството. Еве јас фрлам ракавица до пратениците од коалицијата во парламентарното мнозинството да одговорат дали јасно знаеле за што гласаат, односно дали вечерта им било кажано дека ќе дојде премиерот и дека усно ќе стави гласње за доверба на Владата. Тој ден се изгласна доверба, но утредента повторно немаше кворум за функционално Собрание. Ова мнозинство не е функционално и тоа се гледа секојдневно, вели пратеникот Стојаноски.

ВМРО-ДПМНЕ разговарало, разговара и ќе разговара со пратеници кои не се согласуваат со политиките на Зоран Заев. Проблемите се до таа мера изразени што имаат самите проблем во собранието да свикаат седнции и создадат кворум, не заради тоа што пратениците на опозицијата не се присутни, туку заради тоа што со дисонантни тонови не можат да се договорат кои точки ќе бидат на дневен ред, вели Стојановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот