ВИДЕО | Стоеше и плачеше: Мартина побара помош, цел град се крена на нозе – Нејзиниот апел го блокираше сообраќајот

Кога Мартина Шушиќ, вработена во лабораторијата во психијатриската болница Угљан во хрватскиот град Задар, пред две недели упати апел за помош во форма на облека и обувки за своите пациенти во групата на Фејсбук, ни во своите најлуди соништа не очекуваше дека во четврток во 16.30 часот „реки ќе течат“ од луѓе кои го блокирале сообраќајот, бидејќи носеле тони помош во вреќи и кутии, пишува Јутарњи.хр.

Стоеше таму, пред тој рид на добри дела и плачеше. Од среќа, од шок, од љубов што ја чувствуваше кон секој човек што донирал колку што може

– Немам зборови… Знаев дека многу луѓе ќе дојдат затоа што мојот апел на Фејсбук и вашата статија навистина ги трогнаа луѓето, но ова… Ова е нешто неверојатно… Ме повика директорот Мавар и ми рече: „Блокиравме сообраќај!“ Што да ти кажам кога не можам ни да поверувам колку луѓе се подготвени да помогнат во вакви тешки времиња… Ова само покажа колку емпатија имаме и како ние, како нација сме навистина тука едни за други кога е најпотребно – кратко прокоментира организаторката на оваа досега невидена хуманитарна акција.

– Луѓето снимаа, сликаа, ги покануваа своите соседи, збунети од глетката и несебичната добрина,  спонтано се смееја, горди на себе, на другите… Мартин и Матија, млади студенти кои исто така помагаа, започнаа „лавина од добрина“ и во Сутомичица преку своите апели,  за потоа хуманитарна помош да започне да доаѓа и од целата земја, но и пошироко. Помош дојде од Австрија, Германија, Швајцарија…, вели Шушиќ.

За жал, покрај недостатокот на средства со кои болницата се бореше со години, изминатата недела се бореле и со коронавирусот.

– Да, точно е дека „круната“ дојде и кај нас, но морам да признаам дека сум среќна затоа што сме меѓу последните болници кои „паднаа“ пред вирусот. Нашата организација е одлична и овој пат морам да ги пофалам сите вработени во болницата Угљан, моите колеги, кои се борат лавовски против короната- рече Мартина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот