ВИДЕО | Соиграчот на Јокиќ го има најдоброто забивање во НБА оваа сезона

Фото: Denver Nuggets/Twitter

Никола Јокиќ во изминатата вечер за Денвер одигра фантастичен натпревар во кој запиша уште еден трипл-дабл и тоа од 41 поен, 15 асистенции и 15 скокови. Меѓутоа потегот на мечот го имаше неговиот соиграч Арон Гордон.

Арон Гордон изведе спектакуларно забивање над противничкиот кошаркар со кое ја крена публиката на сезоната. Фановите на социјалните мрежи веќе го прогласија ова забивање на Гордон за најдобро во актуелната сезона.

Треба да се спомене дека прво беше досуден прекршок во напад, но по прегледувањето на снимката беше потврдено дека се е чисто и нема фаул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот