ВИДЕО: Со смарт клупи и зеленило ќе се подига еколошката свест на младите

Зелената зона, лоцирана на улицата Осма ударна бригада, е реализирана преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ од Швајцарската агенција за развој и соработка, а за нејзино одржување ќе биде одговорна Општина Центар.

Во центарот на Скопје е отворена нова иновативна еко зона, која покрај веќе постоечките во општините Карпош и Кисела Вода, е трета таква зона во главниот град, која е опремена со смарт клупи со сензори за квалитет на воздух, кои се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен вифи интернет. Покрај тоа, на локацијата има зеленило и канти за селектирање на отпад преку кои младите ќе се едуцираат за рециклирање.

Зелената зона, лоцирана на улицата „Осма ударна бригада“, е реализирана преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ од Швајцарската агенција за развој и соработка, а за нејзино одржување ќе биде одговорна Општина Центар.

– Направивме три многу убави еколошки катчиња во Скопје и со тоа придонесуваме и како Министерство за подобар воздух, но исто така посетувајќи ги овие паркови и младите и сите жители на Скопје ќе размислуваат еколошки и да сфатат колку е важно да го рециклираат отпадот – изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој присуствуваше на отворањето на зоната, заедно со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер.

Амбасадорката Сутер истакна дека инсталациите се финансиски поддржани од Швајцарската амбасада преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ по иницијатива на граѓанската организација „Гоу Грин“. Таа ги покани граѓаните да ја посетат оваа инсталација, да уживаат во зеленилото и да селектираат отпад.

Според Горјан Нацевски од „Гоу Грин“, целта на проектот била да создаде еко иновација со која најпрво ќе допрат до младите луѓе и ќе покажат дека има начин како може да се користи обновлива енергија за секојдневните активности. Тој додаде дека Фондот на холокаустот на Евреите донирал 20 јапонски цреши, кои штом ќе расцветаат ќе ја разубават еко зоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот