ВИДЕО | „Слободен печат“ во Украина: Луѓето бегаат, но и се враќаат во земјата – тргна возот за Лвов

Фото: EPA-EFE/Attila Balazs

Повеќе од 3,2 милиони бегалци ја напуштиле Украина од почетокот на руската агресија на 24 февруари, според УНХЦР. Додека нападите на руските сили не стивнуваат, извесно е дека оваа бројка ќе се зголемува. Милиони други Украинци се заглавени во областите од кои не можат да избегаат поради блокади на патиштата, а во повеќе градови руските сили ги држат жителите под опсада, не дозволувајќи да им се испратат храна и лекови. Меѓународните организации предупредуваат на растечка опасност од хуманитарна катастрофа.

Специјалниот известувач на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“, Кристина Атовска, е во Украина и го следи развојот на ситуацијата со бегалците. Таа денеска во воз од Полска до украинскиот град Лвов разговараше со неколкумина бегалци кои поради различни причини се враќаа во земјата. Еве ги нивните приказни:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот