ВИДЕО | Скандал во Франција: Навивач втрча на терен и удри фудбалер

Фото:

Неверојатна сцена беше забележана во Втората француска лига во натпреварот помеѓу Бордо и Роде кој беше прекинат откако навивач на домаќините го удри гостинскиот фудбалер Лукас Буаде по голот за водство за Роде.

Бордо мораше да победи ако сакаше да се надева на враќање во Лига 1, но потребно беше и Мец да не победи во својот натпревар. На крајот Мец славеше, додека Бордо речиси сигурно ќе го загуби службено овој дуел, па така уште една сезона ќе мора да помине во второлигашката конкуренција.

По инцидентот судијата прво го прекина натпреварот, а по 30-тина минути беше одлучено дека нема услови да се доигра. Буаде поради незгодниот пад според пишувањето на француските медиуми се здобил со потрес на мозокот, иако падот не изгледаше страшно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот