ВИДЕО: Штутгарт лани едвај обезбеди опстанок, а сезонава е при врвот во Бундес лигата

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Фудбалерите на Штутгарт изминатите две сезони во германскиот шампионат воглавно водеа борба за опстанок, лани мораше да игра дури бараж за да остане во елитата. А сезонава е вистинско изненадување по осум одиграни кола со учинок од седум победи и само еден пораз.

Играчите на Себастијан Хенес на гости денеска го урнаа учесникот во ЛШ Унион Берлин со резултат 0:3. Стрелци на головите беа Гираси (16`), Силас (81`) и Ундав (88`).

Баер Леверкузен ја забележа и четвртата бундеслигашка победа откако со 1:2 славеше над Волфсбург. Фримпонг донесе водство за гостите во 13 минута, потоа непосредно пред паузата израмни Лакроа, а Грималдо го постави конечниот епилог.

Актуелниот шампион Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Мајнц (1:3). За баварскиот гигант стрелци беа Коман (11`), Кејн (16`) и Горецка (59`), а кај домаќините Каси (43`) пред крајот на првото полувреме.

Во другите мечеви од саботната програма: Дармштадт – Лајпциг 1:3, Фрајбург – Бохум 2:1, Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт 1:3.

Табела: Баер Леверкузен 22 бодови, Штутгарт 21, Баерн Минхен 20, Борусија Дортмунд 20, Лајпциг 17…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот