ВИДЕО | Што значи буквата „Z“ на руските воени возила и како стана симбол на поддршка за руската инвазија на Украина?

буква з симбол русија z
Фото: Danil Aikin / TASS / Profimedia

Откако започна инвазијата на 24 февруари, симпатизерите на владата ја употребија оваа буква, која не постои во кирилицата што се користи во Русија, за да покажат солидарност со воените сили кои се борат во соседната земја.

 APC во Харкив, Украина со симоболот „Z“ EPA-EFE/STANISLAV KOZLIUK

Симболот „Z“ првично беше забележан на руските тенкови и други воени возила кои влегуваа во Украина, но некои брзо го прифатија како знак на поддршка за руската инвазија на Украина, пишува Скај њуз.

Тешко болните деца во рускиот град Казан и нивните мајки стоеја надвор во снегот за да ја формираат буквата „Z“ и да покажат поддршка за инвазијата.

Луѓе го формираат знакот „Z“ за време на флеш моб, во знак на поддршка за руската инвазија во Украина / Danil Aikin / TASS / Profimedia

Рускиот гимнастичар Иван Кулијак ќе биде под истрага на меѓународната федерација, бидејќи симболот го носеше на подиумот по третото место на натпреварувањето во Катар. Неговиот украински ривал Илја Ковтун го освои златниот медал.

Руски гимнастичар јавно ја поддржал инвазијата врз Украина, на градите имал симбол на руските тенкови

 

Постојат различни мислења  за изгледот на овој симбол

Некои велат дека „Z“ имплицира за „За победа“, други велат дека значи „Запад“.

Многумина зборуваат и за нејзината сличност со свастиката – симбол што го користела нацистичка Германија во Втората светска војна – за да и го дадат прекарот „Путиновата свастика“, пишува Скај њуз.

Симболот „Z“ и слоган „Ние не ги оставаме нашите“ е забележан во Санкт Петербург, Русија / 7 март 2022 / EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Според руската Газета, Министерството за одбрана на Русија го објасни значењето на латинските букви Z и V на руската воена опрема.

Тие наведуваат – дека буквата „Z“ значи „За победа“, а буквата „V“ – „Сила во вистината“ и „Задачата ќе биде завршена“.

Се наведува и дека „Z“ е начин руската армија да ги идентификува сопствените сили и на тој начин да спречи инциденти како што е таканаречениот „пријателски оган“.

Други извештаи велат дека симболите се начин да се означи потеклото на силите – на пример, некои изјавија дека „Z“ значи сили од источните области на Русија, додека „Z“ сместено во квадрат значи дека силите се испратени од полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

Симболот „Z“ и слоган „Ние не ги оставаме нашите“ е забележан во Санкт Петербург, Русија / 7 март 2022 / EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Буквата „V“ пак, според истите извори, значела дека се работи за силите на руската морнаничка пешадија.

Деновиве, симболот е забележан во Русија на автомобили, маици, комбиња, па дури и на социјалните мрежи на луѓе кои ја поддржуваат војната, додава Скај њуз.

 Симоблот „Z“ забележан и на влезот на руската ортодоксна црвка „Свети Никола од Мира“ во Амстердам, Холандија /9 март 2022 / Фото: EPA-EFE/RAMON VAN FLYMEN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот