ВИДЕО: Шок во Франција по брутално насилство врз баба и внука

Фото: Твитер

Франција е во шок по насилниот напад врз една постара жена и нејзината внука, објави Newsweek.com.

Властите соопштија дека инцидентот се случил во Бордо, пристанишен град во југозападна Франција. Видеото снимено од надзорните камери, покажува маж како стои на улица во близина на една куќа, додека 73-годишната жена и нејзината внука стојат на прагот.

Кога мажот се приближува до нив жената и детето влегуваат внатре, но мажот ги спречува да ја затворат вратата и насилно ги извлекува од зградата и ги фрла на земја. После тоа, мажот го фаќа девојчето за рака и го фрла во воздух, но таа се за среќа не паѓа.

Повозрасната жена по нападот била пренесена во болница, но не се знае каква е нејзината здравствена состојба.

Видеото од споменатиот напад на Твитер го објави поранешниот градоначалник на Бордо, Николас Флоријан. Тој напиша дека „неподносливиот“ напад се случил среде бел ден.

– Им ја давам целата моја поддршка. Барам силна реакција од правосудните органи – додаде Флоријан.

Француските власти соопштија дека видеото како и изјавите на сведоците ѝ помогнале на полицијата за многу кракто време да го уапси осомничениот.

Реакции стигнаа од десничарските партии кои ги повикаа Французите да се „разбудат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот