ВИДЕО: Шилегов тврди, нема политика во одлуката да се отстрани галијата

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во изјава за „Слободен печат“ ги демантира тврдењата на управителот на фирмата со бугарски капитал Сервис Емус АД Скопје, Жарко Младеноски, за политичка позадина во одлуката за отстранување на бродот од водите на Вардар.

-Никогаш не заборавајте дека правото е мојата матична наука. Ние работиме согласно договорот кој го имаме склучено со корисниците во кој што меѓу другото постои и т.н. извршна клаузула, што значи дека кога ќе се исполнат условите за раскинување на договорот, се стапува директно на извршување, не се оди на судска постапка. Во постапката должникот има право на приговор до претседателот на судот по решението на извршувањето, и има право до жалба до Апелациониот суд. Тоа право сопственикот на галијата го користеше, и одбиен е и од претседателот на судот и од Апелациониотт суд. Во меѓувреме има почнато два судски спора со барање за времена мерка, но двете барања се одбиени. Ние имаме целосно чиста правна ситуација, тврди Шилегов.

За уништувањето на галијата пишуваат и бугарските медиуми. Тоа според првиот човек на Скопје е само политичка провокација која што ја користат партиите за време на изборите во Бугарија.

Извадок од статија во бугарски весник
Извадок од статија во бугарски весник

-За мене императив е почитувањето на законите. Кога се исполнети условите за настапување на правните механизми јас сум должен да го штитам интересот на нашиот град и токму тоа го правам. Од друга страна, ние го раскинавме договорот затоа што четири закупнини не беа платени. Мислам дека на некои луѓе им е полесно сопствената неодговорност да ја префрлат на некој друг. Мене ми е сеедно дали инвеститорот е бугарски или македонски, ако не ги исполнува обврските кон Градот, последиците ќе го стигнат, рече Шилегов.

Тој тврди дека не постои опасност дека Градот ќе треба да исплати отштета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот