ВИДЕО: Шарлот втор пат по ред подобар од шампионот Милвоки

Шарлот хорнетс повторно подобар од шампионот/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Шарлот хорнетс приредија изненадување со победата над шампионот Милвои бакс со 103:99 и најавија кандидатура за пласман во пеј-офот. По втората победа над шампионот во последните два меѓусебни натпревари, Шарлот има скор од 22-19, додека Милвоки има 26 победи и 17 порази.
Најдобар кај Шарлот беше Тери Розиер со 27 поени, Ламело Бол даде 24 поени и го постигна клучниот поен на натпреварот на 15 секунди до крајот на натпреварот.

Кај Милвоки најдобри беа Крис Мидлтон со 27 поени и Јанис Адетокумпо со 26 поени и 13 скокови.
Пораз доживеа и Бруклин нетс кој загуби од ослабениот Портланд со 114:108.  Во отсуство на Демиен Лилард и Си Џеј Меколум, кај победникот се истакна Енферни Симонс со 23 поени и 11 асистенции, а добра партија прикажаа и Роберт Ковингтон со 21 и Бен Меклемор со 20 поени. Кај Бруклин, најдобар беше Кевин Дурент со 28 поени и 10 скокови, додека Кајри Ирвинг даде 22 поени.

Детроит пистонс благодарение на првиот избор на драфтот, Кејд Канингем ја изненади Јута славејќи со 126:116. Канингем во триумфот на својот постигна рекордни во НБА кариерата 29 поени, а имаше и осум асистенции, а ист број на поени даде и Садин Беј. Кај Јута се истакна Донован Мичел си 31 поен.

Резултати:

Шарлот – Милвоки 103:99
Детроит – Јута 126:116
Бостон – Индијана 101:98 (прод)
Њујорк – Сан Антонио 111:96
Хјустон – Филаделфија 91:111
Портланд – Бруклин 114:98
Сакраменто – Кливленд 108:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот