ВИДЕО | Сејдини: Идолите на младите генерации го почнуваат походот кон ново Европско првенство

фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија

Македонската А репрезентација на 23 март во Скопје против Малта (20.45 часот) ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Потсетување дека билетите за овој дуел се веќе во продажба. Повеќе дознајте на официјалниот сајт на „МК Тикетс“.

Се комплетира нашата фудбалска селекција предводена од селекторот Благоја Милевски која денеска се дружеше со најмладите на ФФМ Тренинг центарот.

Дечињата имаа можност да добијат автограми и да се фотографираат со фудбалските репрезентативци.

– Многу детски насмевки, позитивна енергија, на тренингот на нашите златни момци. Идолите на младите генерации го почнуваат походот кон ново големо историско остварување, и ново Европско Првенство! А најмладите, најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди, кои кај нив ги предизвикуваат најискрените насмевки – стои во фејсбук објавата на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот