ВИДЕО | Саутемптон е последниот учесник во Премиер лигата за наредната сезона

Фото: Southampton F.C.

Eкипата на Саутемптон се врати во Премиер лигата откако денеска славеше над Лидс Јунајтед со минимални 1:0 во финалето од англискиот Чемпионшип.

Натпреварот на „Вембли“ им припадна на „светците“, а херојот беше одличниот Адам Армстронг кој го постигна единствениот гол на натпреварот. За Армстронг ова беше 24 гол, а четврти само против Лидс.

Се обидуваше Лидс да дојде до израмнување, имаше по некоја солидна прилика во двете полувремиња, но Саутемптон покажа поголем квалитет во клучните момент и на крајот победи и си го осигура своето место во елитното друштво.

Натпреварот на „Вембли“ го следеа над 85.000 навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот