ВИДЕО | Саудиска Арабија и денес не разочара, но Полска го имаше Левандовски

Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Саудиска Арабија одигра одличен натпревар против Полска, но не успеа да приреди ново изненадување и забележа пораз од 2:0.

Одлично започнаа Саудијците, од првата минута се редеа шанси пред голот на Шчесни, мотивирани од победата против Аргентина фудбалерите на Ренар напаѓаа од самиот почеток. Но, кога не ги искористија своите шанси стигна казната. Зјелински во 39. минута по додавањето од Левандовски ја затресе мрежата за водство на Полска. Само пет минути подоцна Саудиска Арабија доби голема прилика да изедначи.

Досуден беше пенал, но Ал Давсари не го реализираше, Шчесни беше поуспешен. И по одбраната на Шчесни Саудијците влегоа во супер шанса, меѓутоа полскиот голман излезе како победник. Така на пауза Полска замина со предност од 1:0.

Слична слика гледавме и во второто полувреме, напаѓаа и двете репрезентации. Левандовски беше еден од најактивните кај Полска, ја погоди стативата, пречка погоди и Милик. Шансите на Полска во главно беа преку контранапади. Точка на натпреварот стави токму Левандовски по еден голем кикс во одбраната на Саудијците во 82. минута. За Левандовски ова беше прв гол воопшто на Мундијалите.

Како што стојат работите во оваа група ќе гледаме супер интересно трето коло затоа што сега Полска има четири бода, Саудиска Арабија 3, Мексико 1 и Аргентина е без бодови. Својот натпревар Аргентина и Мексико го играат вечерва од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот