ВИДЕО: Руски авион тргнал да го бомбардира Харков, но по грешка „нападна“ руски град

Фото: Твитер / принтскрин

Министерството за одбрана на Русија потврди дека пилот на руски борбен авион не сакајќи го бомбардирал градот Белгород во близина на границата со Украина, пренесува „Би-би-си“.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека експлозијата оставила огромен кратер широк околу 20 метри во центарот на градот.

Две жени се повредени, а неколку згради се оштетени во случајното бомбардирање, изјави тој.

Ловецот-бомбардер „Су-34“ ненамерно исфрли авионски муниција, соопшти Министерството.

Инцидентот се случил вчеравечер во 22:15 часот по локално време. јавуваат руските новински медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот