ВИДЕО: Русија за првпат тестираше хиперсонична ракета „Циркон“ од нуклеарна подморница

„Циркон“ е оружје што го пофали претседателот Владимир Путин како дел од новата генерација на незаменливи системи на вооружување / Фото: Принтксрин
Снимката со низок квалитет објавена од министерството за одбрана на Русија покажува дека проектилот се испукува од подморница, а нејзиниот сјај го осветлува ноќното небо и површината на водата.

Русија денеска објави дека од нуклеарна подморница успешно испукала суперсонична крстосувачка ракета од типот „Циркон“ за прв пат, оружје што го пофали претседателот Владимир Путин како дел од новата генерација на незаменливи системи на вооружување.

Министерството за одбрана, кое во јули го тестираше лансирањето на проектилот „Циркон“ од воен брод, објави дека е истрелан проектил од подморницата „Северодвинск“ додека била распоредена во Баренцовото Море и дека ја погодила избраната цел.

Некои западни експерти ја доведуваат во прашање напредноста на новата генерација оружје на Русија, имајќи предвид дека комбинацијата на брзина, маневрирање и надморската височина го отежнува нивното следење и пресретнување.

Во јули, дел од снимката на која се гледа напредниот руски ракетен систем С-500, земја-воздух, намерно се замагли за да биде потешко да се испита неговото делување во детали.

Во 2018 година, Владимир Путин објави серија нови суперсонични оружја во еден од неговите највоинствени говори во последните години, велејќи дека тие би можеле да погодат речиси насекаде во светот и да го избегнат американскиот против-ракетен штит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот