ВИДЕО: Рубљов во голем стил ја заврши успешната сезона!

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го совлада денеска Доминик Тим во последното коло од групната фаза на завршниот мастерс турнир во Лондон.

Рубљов беше подобар од Австриецот во меч без резултатско значење. Русинот дојде до триумфот за еден час и 15 минути игра со 2:0 во сетови (6:2, 7:5).

За него ова беше прва победа, но од претходно остана без можност да се бори за пласман во наредната фаза. Иако елиминиран, Рубљов имаше успешна 2020 година, освојувајќи вкупно пет АТП титули.

Вечерва од 21.00 часот во директен дуел Рафаел Надал и Стефанос Циципас ќе се борат за место во полуфиналните дуели од групата „Б“.

Тим во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ или Александар Зверев кои ќе се соочат в петок, а во втората полуфинална битка Данил Медведев ќе го чека подобриот од вечерашната пресметка помеѓу Надал и Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот