ВИДЕО: Роналдо го води „шоуто“ во Јувентус!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

„Старата дама“ вечерва ја забележа и четвртата победа сезонава во Серија А откако на домашен терен со 2:0 славеше против Каљари.

Уште еднаш најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо докажа дека е лидерот на екипата и ги обезбеди трите бода со голови во првото полувреме.

Португалецот сега е на учинок од 60 погодоци од неговото доаѓањето во Јувентус во 2018 година, повеќе од било кој играч во натпреварувањето во тој период.

Бранителот на титулата од минатата година е моментно на второто место со 16 бодови, еден помалку зад водечкиот Милан кој својот натпревар ќе го има в недела на гости кај Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во саботната програма Лацио славеше со 0:2 против Кротоне, а без голови одиграа Специја и Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот