ВИДЕО | Ретко кога Меси бил таков: Објавена снимка од неговиот говор пред финалето на Копа Америка

Фото: EPA-EFE/ANDRE COELHO

Во 2021 година Лионел Меси стигна до својот прв голем трофеј со репрезентацијата на Аргентина, „гауочисте“ таа година го освоија трофејот откако во финалето го победија Бразил.

Претходно Агуеро, Ди Марија, Паредес и други фудбалери од репрезентацијата раскажуваа дека не го виделе Меси толку посветен и фокусиран како пред тоа финале од Копа Америка во 2021 година.

Сега е објавена и снимка од говорот кој одржал Меси пред тој натпревар.

 

За Аргентина тоа беше прва шампионска титула во Копа Америка после освоената во 1993-та година и вкупно 15-та во историјата, исто толку има и Уругвај. Во финалето кое се играше на „Маракана“ Аргетнина славеше со 1:0, единствениот гол на средбата го постигна Анхел Ди Марија.

Меси турнирот го заврши како прв стрелец со четири постигнати гола колку што имаше и Колумбиецот Луис Диаз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот