ВИДЕО | Реџепи: Обидот за рушење на Владата беше лоша авантура

Скендер Реџепи – Зејди
Скендер Реџепи – Зејди / Фото: Скриншот, Фејсбук

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, Скендер Реџепи – Зејди неодамнешниот обид за рушење на Владата го оцени како „лоша авантура“.

– Обидот за рушење на Владата беше лоша авантура. Тоа е лошо политичко искуство. Избрзавме, но иницијатори беа ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците. Претседателот на Алијанса и генералниот секретар отидоа во канцеларијата кај претседателот на ВМРО, во Собрание. И таму договорија се. Ние избрзавме. Знаев дека нема да биде добро, но ете потпишавме и испадна дека сум бил во право, вели Реџепи.

Тој вели дека само генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари видел добро од партијата ВМРО-ДПМНЕ, додека пак сите други изгубиле.

– ВМРО-ДПМНЕ не се спремни да водат сериозни процеси напред, мислам за ЕУ. На добар пат се тоа да го направат, но сѐ уште треба јасно да се изјаснат за некои работи, како Преспанскиот договор итн. Ние изгубивме многу со таа коалиција. Граѓаните нѐ казнија и добивме 30 000 гласови помалку. Ниту направивме анкета пред избори за да видиме што мислат граѓаните. На крај, испадна дека само Таравари виде добро од ВМРО затоа што стана градоначалник на Гостивар со помош на ВМРО, порача Реџепи.

Реџепи очекува мнозинството во Владата да трае до 2024 година.

– Ако сѐ оди како што треба, ако успееме да добиеме датум, тогаш ќе се фокусираме на крупни реформи, во борба против корупцијата, проекти во економијата, владеење на правото, и во тој случај не гледам причина зошто би требало да има предвремени избори и ова мнозинство ќе го истера цел мандат, до 2024, истакна Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот