ВИДЕО: Реал Мадрид на колена пред Шериф и Николов, прв гол на Меси за ПСЖ

Молдавскиот Шериф ги шокираше „кралевите“ среде Бернабеу/Мадрид, Шпанија/28 септември 2021/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Се комплетираше вечерва второто коло од групите А, Б, Ц и Д во Лигата на шампионите, а најголемото изненадување случи на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид.

Реал ја имаше фаворитската улога, но на крајот ги разочара своите навивачи со изненадувачкиот пораз од Шериф Тираспол (1:2). После првото полувреме гостите водеа со 0:1 со голот на Јахшибаев во 25 минута, израмнија „кралевите“ од пенал во 65 минута кој го реализираше Бензема.

Молдавците не се предаваа и на крајот дојдоа до три огромни бода во самиот финиш од средбата, поточно во 90 минута кога во мрежата на Куртоа стрелаше Тил.

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе во игра во 92 минута како замена за Коловос.

ПСЖ во дербито на „Паркот на принцовите“ триумфираше над Манчестер сити со 2:0, првиот гол на францускиот првак го реализираше Геје во осмата минута.

Конечниот епилог на дуелот во Париз го постави Меси кој на еден прекрасен вообичаен начин дојде до првиот погодок во дресот на ПСЖ.

Милан во групата „Б“ загуби од Атлетико Мадрид (1:2), иако „росонерите“ водеа од 20 минута со голот на Леао, но од 29 минута останаа со еден играч помалку на теренот поради вториот жолт картон на Кесје.

„Јорганџиите“ доста се мачеа да дојдат до погодок, но во финишот не само што успеаја да израмнат, туку и да направат целосен пресврт. Најпрвин во 84 минута стрелаше Гризман за 1:1, а Суарез во 97 минута од белата точка му донесе важен триумф на Атлетико.

Лига на шампиони

2. коло, резултати –

Група „А“

ПСЖ – Манчестер сити 2:0
Лајпциг – Клуб Бриж 1:2

Табела: ПСЖ 4 бодови, Клуб Бриж 4, Манчестер сити 3, Лајпциг 0.

Група „Б“

Милан – Атлетико Мадрид 1:2
Порто – Ливерпул 1:5

Табела: Ливерпул 6 бодови, Атлетико Мадрид 4, Порто 1, Милан 0.

Група „Ц“

Ајакс – Бешикташ 2:0
Борусија Дортмунд – Спортинг 1:0

Табела: Ајакс 6 бодови, Борусија Дортмунд 6, Бешикташ 0, Спортинг 0.

Група „Д“

Реал Мадрид – Шериф Тираспол 1:2
Шахтјор Доњецк – Интер 0:0

Табела: Шериф Тираспол 6 бодови, Реал Мадрид 3, Интер 1, Шахтјор Доњецк 1.

ВИДЕО: Ајакс го надигра и Бешикташ, мируваа мрежите во Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот