ВИДЕО | Рашиди: Бараме одговори за Мијалков, ако не ги добиеме ќе побараме интерпелација за Спасовски

Се ближат локалните избори, ЛДП излезе од пратеничката група во Собранието и реши да настапува самостојно, но потврди дека и понатаму ќе ги поддржува политиките на Владата, вели за УБ пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди. „Алијансата за Албанците е посебен политички субјект но се поизвесно имајќи предвид дека коалицијата А/А делува перфектно на локалните избори ќе одиме заедно. Сега се подготвуваме за што подобар настап на овие локални избори и можам да кажам дека ние ќе настојуваме да се натпреваруваме во сите општини каде што живеат Албанци. Мислам дека сега имаме шанси на овие избори да победиме во секоја од овие општини“, изјави Рашиди.
Околу последните случувања со бегството на Мијалков, Рашиди смета дека е потребна одговорност од министерот Спасовски.
„Бараме одговорност за последните случувања со бегството на екс директорот на УБК Сашо Мијалков од органите на прогонот. На овој случај гледаме исто како и на случајот со бегството на Никола Груевски. Мијалков беше најголемото зло на претходниот режим и затоа доколку не бидат дадени одговори ќе побараме интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски“, вели пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот